Утре (сабота, 18 мај) со почеток во 12:00 часот, во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи трибина на тема “Аутизмот во Македонија – лет во место или прогрес?” Трибината е организирана од страна на Македонското научно здружение за аутизам, под модераторство на Александра Сабрас Апостолова.

Меѓу другите соговорници, свое мислење за состојбата на лицата со аутизам во Македонија ќе даде и Проф. Д-р Владимир Трајковски, врвен стручњак во оваа област во нашата земја. Д-р Трајковски е редовен професор на Филозофскиот факултет при УКИМ – Скопје, многу години активно ги истражува генетските и физиолошките аспекти на нарушувањата од аутистичниот спектар и автор е на голем број стручни и научни трудови од оваа специфична област на медицината.

По тој повод, лајонс клубот Лихнидос, кој редовно ги поддржува сите невладини хуманитарни здруженија во Охрид и во Македонија, ќе осветли со сина боја (заштитна боја на лицата со аутизам) неколку туристички атракции во стариот град.

OhridNews