Ветеранот Томи Стефановски во драматичен финиш триумфираше на 30-от, јубилеен Охридски пливачки маратон кој се одржува под капата на ФИНА.
Стефаноски со време (5:55.18.97) беше побрз од Италијанецот, Стокино кој целта ја помина за (5:55.23.04) и од бразилскиот пливач Евангалиста кој финишираше трет со време (5:55.34.37)
– Мижев и пливав последните 200 метри не гледајќи каде се наоѓам. Ова е неверојатно и неможам да го опишам со зборови. – рече по трката Томи Стефаноски.
Голем пех на своја кожа доживеа минатогодишниот победник, Евгениј Поп Ацев кој поради грешка во финишот ја загуби втората позиција.
Имено, Поп Ацев кој на неколку стотини метри пред финишот беше во водство, промаши контролна бова и пливаше надвор од патеката, поради што по крајот на трката мораше да се врати повторно во вода да го доплива маратонот на регуларен начин.
-Бовата мислев дека е подесно и ја утнав. Тоа е спортот. – изјави Поп Ацев по завршувањето на трката.
Во женска конкуренција триумфираше Олга Козидук од Русија со време (5:55.23.25) пред своја сонародничка Килик и чешката пливачка Рибарева.
Годинава на Охридскиот пливачки маратон, што се одржува под покровителство на претседателот на државата Ѓорге Иванов, учество зедоа 18 пливачи во машка и женска конкуренција.
Наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон оваа година изнесува 10.000 долари.
Мх.П./Г.М.