Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на село Ботун.
Според првичните неофицијални информации, патничко моторно возило Мерцедес со странски регистарски таблички директно се судрило со тешко товарно возило, исто така со странски регистарски таблички. Од силината на ударот патничкото возило се попречило на коловозна лента, по што на него налетало друго патничко возило.
На местото на настанот се наоѓаат медицински екипи, и екипи на сообраќајната полиција.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информираше дека во незгодата тешко повредено е едно лице, кое е хоспотализирано во Специјалната болница Св. Еразмо” во Охрид. Неофицијално дознаваме дека повредениот подоцна е упатен ма скопските клиники.
OhridNews