Денеска, петок, од 18:59ч на YouTube каналот на podcast-от „Имам нешто да ти кажам“ ќе гостува охриѓанката Емилија Колоска, пејачка и финтес инструктор, со што и официјално почнува втората сезона од емисијата во која охриѓани зборуваат за Охрид.

Емилија раскажува за предизвиците кои ги носи моменталната ситуација со пандемијата и како тоа влијае на глобално ниво и како влијае на индивидуално ниво. Колку е менталното здравје важно и зошто не се зборува повеќе за тоа. Исто така, открива детали од финалните подготовки со авторскиот бенд Лилит, во кој Емилија е главен вокал.

Емисијата почнува во 18.59ч.

Колку им фалат јавните настапи на музичарите по локалите и енергијата од луѓето. Каде се гледа себеси за 15 години и кои се нејзините желби понатаму. Што треба да се промени во Охрид, да се насочи вниманието кон младината и создавање младински културни центри, се само дел од темите од разговорот со Емилија Колоска.

OhridNews