Македонскиот пливач Томи Стефаноски и Аргентинецот, Дамјан Блаум ја предводат маратонската чета кај Трпејца.
Меѓу нив се води жестока и рамноправна битка, а ништо помалку не заостануваат ниту останатите маратонци кои пливаат во јато.
На стартот од 28-от Охридски пливачки маратон се појавија сите пријавени маратонци, а засега нема откажувања и се одвива според планот.
Мх.П.