Херојот од Евробаскетот во Литванија, Владо Илиевски пристигна во Охрид каде македонската репрезентација се подготвува за квалификациите за пласман на ЕП.
Тој во Охрид вечерва ќе има состанок со стручниот штаб на селекцијата по што ќе биде познато дали повторно ќе заигра во националниот дрес.
– Навистина нема што да ви кажам во моментов. Вечерва ќе имаме средба со селекторот на која ќе ги прецизиме сите работи и ќе донесиме конечна одлука. Јас ќе останам овде во Охрид да ги проследам пријателските средби на селекцијата – рече Илиевски, кој имаше одлична сезона во Инбурк.
Репрезентацијата се ссочи со серија проблеми по откажувањата на Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Лестер Бо Меккелјб, Ѓорги Чековски и Предраг Самараџиски, а евентуално неиграње на Владо Илиевски ќе значи уште еден хендикеп за селекторот Александар Џикиќ.
Мх.П.