Спортски ден ќе се реализира во вторник, 4 јуни со почеток во 9 часот во СОСУ „Св. Кирил и Методиј” во соработка со ЈП „Билјанини Извори”. Како што информираат од претпријатието веќе неколку години наназад имаат потпишано меморандум за соработка со училиштето со кој учениците се обврзани да обавуваат практична настава во јавното претпријатие.

На таков начин тие стекнуваат знаење и професионални вештини во делот на сметководството, правото, човечките ресурси, набавки и маркетинг. Како дел од нашата желба учениците не само да се стекнуваат со нови практики туку и да ги практикуваат истите заедно организираме спортски настан на кој самите ученици ќе ги водат сите сегменти на организација и реализација, велат од ЈП „Билјанини Извори”.

ЈП „Билјанини Извори” изразува голема благодарност до координаторот проф. Горан Попоски и проф. Гордана Бешироска, Маја Цветанова и проф. Димитар Вејланоски. Како иницијатори и креатори на овој проект, а ментори за извршената пракса, потенцираат се вработените Весна Балазоска Милошевиќ и Тони Илијоски.

Ја известуваме јавноста дека настанот е предвиден да се организира на отвореното игралиште во склоп на СОСУ “Св. Кирил и Методиј”. Носители на настанот се учениците од трета година а на настанот имаат право да учествуваат сите ученици од ова училиште. Учениците ќе имаат можност да се натпреваруваат во четири дисциплини: баскет, одбојка, пикадо и тргање на јаже. Во делот на загревањето пред почетокот на настанот професорката Кате Бујароска од оправдани причини нема да ги загреват учесниците и ќе ја замени професорката Марија Пауновска, потенцираат.

Во оваа насока упатуваат покана до сите охриѓани, идните средношколци и родители да дојдат и да бидат дел од овој настан.

OhridNews