Новата година во некои краеви од светот пристигна порано. Традиционално австралискиот град Сиднеј новата година ја пречека со спектакуларен огномет кој го следеа над 2 милиони граѓани и туристи.


Спектакуларен дочек на Новата година во Сиднеј

Ништо помалку спектакуларен не беше дочекот на Новата година во Хонг Конг, Дубаи и во другите светски метрополи.


Хонг Конг

Куала Лумпур

Во Њујорк на познатиот Тајм сквер се собраа над еден милион луѓе. Прославата кулминираше Тпалењето на радиционалната кристална топка точно една минута пред полноќ.

Во Лондон илјадници луѓе го следеа големиот огномет над реката Темза, а „Окото“ на британската метропола беше осветлено во различни бои.

Во Москва  претседателот Владимир Путин го имаше своето традиционално новогодишно обраќање, во кое го повика рускиот народ на единство.

На новогодишната миса во катедралата „Свети Петар”Рим папата Бенедикт XVI упати апел за солидарнос и помош на сиромашните, а верниците ги повика од време на време да запрат и да размислат за ѓивотните вредности.

OhridNews