Седницата која беше закажана да се одржи на 24- ти септември е презакажана за на 23- ти септември, поради празникот Курбан Бајрам.

На четириесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид, која ќе започне во 11 часот, советниците ќе расправаат за Информацијата за физибилити студијата за оправданост од воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за изградба и управување со „мала марина“ на локација мало пристаниште во Охрид, предлог одлуката за усвојување на елаборатот за проценка на штети од град настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 04.08.2015 година, годишните извештаи за работата и материјално – финансиското работење на основните и средни училишта во општината, како и предлог одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти во Велгошти, Лескоец, Коњско, Елшани, Охрид, како и годишните .

Пред советницит еќе се најде и предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за усвојување на Правилникот за организација и систематизација на работните местана ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.


OhridNews