Укината е забраната за сообраќај на автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП Македонија пат. Оттаму потсетуваат дека е задолжителна употребата на зимска опрема за останатите видови возила. Поради поставување заштитна мрежа на Регионалниот пат Р1102, делницата Велес – Градско денеска и утре ќе биде затворена за сообраќај од 9:00 до 16:00 часот, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
OhridNews