На денешниот уличен хуманитарен концерт на охридските музичари, за помош на малиот Кирил Митрески кому итно му е потребна операција за лекување на тумор на главата во Израел, во собирните каси на Црвен крст Охрид, за неполни 2 часа беа собрани 65.184 денари.

Прекрасните музички изведби на Јован Куциноски, Богдан Василески, групата „Билјана Јуниор“, басистот Јане Тодороски, гитаристот Јован Бочвароски и други членови на охридски музички бендови привлекоа многу посетители кои ја покажаа својата хуманост донирајќи за лечењето на малиот Кирил. 

Изразувајќи благодарност до оние кои денес беа хумани, Црвен крст Охрид и поканува охриѓани да учествуваат во хуманитарните настани за помош на Кирил, кои следат: на 1 март во кафе бар Ликвид и на 2 март во Центарот за култура „Григор Прличев“. 

OhridNews

Во продажба пуштени влезниците за големиот хуманитарниот концерт за спас на малиот Кирил Митрески

Обновено: Охрид се мобилизира за спас на детски живот