Сите 22-ца маратонци во машка и женска конкуренција кои беа пријавени за учество на 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон стартуваат точно на пладне од Св. Наум.
Моментално пливаат во јато и никој не се издвојува. Според официјалните информации од судиите темпото на маратонците е задоволително и имаат околу 74 завеслаи во минута.
Ohrid News како и секоја година во текот на маратон ќе ги обновува информациите и ќе ги информира читателите за сите работи околу маратонот.
OhridNews