Земјотрес со јачина од 7.1 степен според Рихтер вечерва го погоди средишниот дел на Мексико. Потресот бил почувствуван и во главниот град  Мексико Сити каде се срушени дваесетина згради.

Според првичните информации, епицентарот бил во сојузната држава Пуебла, околу 120 километри југоисточно од Мексико Сити. Светските агенции јавуваат за голем број урнати објекти и за најмалку 61 загинат. Локалниот аеродром е затворен, а во погоденото подрачје беснеат пожари. Мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието преку твитер им порача на граѓаните да ги избегнуваат улиците за да има простор за пристап на службите за спасување. 

На почетокот од месецов Мексико го погоди силен земјотрес од 8.1 степен кој однесе повеќе од 90 животи.

OhridNews