Од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување информираат дека од денес,секој четврток од 10 до 15 часот ќе има „ Отворени денови за осигурениците“.
Подрачната служба Охрид за успешно реализирање на овој проект одреди посебна просторија, сала за состаноци – соба бр. 13 на втори кат, каде граѓаните ќе можат од вработените да се информираат околу остварување на нивните права и обврски од здравственото осигурување.
Од ФЗОМ Охрид потенцираат дека нивните служби за осигурениците се отворени и во другите работни денови.
Отворени денови за осигурениците секој четврток од 10:00 до 15:00 ќе има и во просториите на ФЗОМ ПС Струга во канцеларија бр. 2,3 и 13.
OhridNews