Мал авион од типот Цесна П210Н, што попладнево во 15.10 часот полетал од аеродромот “Св. Апостол Павле” во Охрид, исчезнал од радарите некаде околу врвот Солунска Глава. Информацијата за OhridNews ја потврдија од охридскиот аеродром. Авионот се обраќал на релација Охрид – Софија.

Агенцијата за цивилна воздушна пловидба подоцна информираше дека авионот се урнал, при што животот го загубиле четири лица, сите државјани на Република Бугарија.

Истрагата треба да ги утврди причините за несреќата.

OhridNews