На инфективната клиника во Скопје има 47 хоспирализирани, осум во изминатото деноноќие, од кои на респираторни машини има тројца, а на кислородна поддршка дополнителни девет пациенти, информира министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес конференција што се одржа попладнево.

Вкупниот број заболени од коронавирусот Ковид 19 во земјата денеска се искачи на 287, од нив 12 се излекувале, а 7 лица починале.

Филипче информираше дека има починато пациентка во струшката болница заради потешкотии во дишењето, која имала претходно хронична респираторна болест и дека тој случај дополнително се истражува.

Таа не е дијагностицирана со Ковид 19, но непосредно по смртта е земен брис и кога ќе дојдат резлултатите ќе ја известиме јавноста. – истакна министерот за здравство.

Филипче уште информираше дека денеска е завршен увидот во инфективното одделение во охридската болница во врска со информациите за непостапување во случајот на пациентка од струшко.

Се анализираат сите информации, од матичниот лекар, болницата, интервјуата со докторите. Нашите сознанија се засега дека има одредени пропусти во целокупниот процес, но ќе сочекаме сето тоа да се финализира, по што ќе заземеме став. – рече министерот Филипче.

Министерот за здравство на пресконференцијата уште информираше дека осуммина здравствени работници и двајца пациенти во Заводот за физикална рехабилитација во Скопје се заразени од коронавирусот, поради што оваа здравствена установа ќе биде атворена до крајот на беделата.