Бродот, кој е навален на неговата лева страна има расекотина на трупот во должина од 70 метри, како и повеќе дупки. Се прептоставува дека крузерот удрил во песочен гребен во плитки води. Персоналот ги смирувал патниците, но откако бродот почнал да се навалува завладеала паника и луѓето почнале да скокаат во ладните морски води. Околу 150 лица биле извлечени од спасувачките екипи од морето, а како последица од хипотермија три лица починале, пренесуваат италијанските медиуми.
Во тек е истрага која треба да ги открие причините за бродската несреќа. Утврдено е дека бродот пловел во погрешна насока, но не се знае дали причина за скршнувањето од курсот е човечка грешка или технички проблем на крузерот.
Во времето на несреќата поголем дел од патниците биле на вечера. Преживеани патници за медиумите изјавиле дека почувствувале силен удар, по што настанала паника.
– Беше кошмарно, како да сте на Титаник, персоналот беше во паника и соодветно не реагираше на ситуацијата,сведочат патници.
3179 луѓе се префрлени на копно, а околу 600 патници биле префрлени до најблискиот аеродром од каде отпатувале во своите земји.