Изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски, и официјално прогласи победа. Членовите и симпатизери на партијата слават низ улиците на Охрид и на градскиот плоштад, каде наскоро се очекува да се обрати победникот на овие локални избори, Јован Стојаноски.

Според информациите на изборниот штаб на СДСМ, од преброени 28.288 гласови или 83.5%, 15.562 гласачи или 55% својот глас го дале за кандидатот за градоначалник од СДСМ, Јован Стојаноски. Моменталната разлика во корист на СДСМ изнесува 4.211 гласови.

Во однос на кандидатската листа за советници, од преброени 23.193 гласови или 68.5%, 10.511 гласачи или 45.3% својот глас го дале за листата од СДСМ.Моменталната разлика во корист на СДСМ изнесува 1.558 гласа.

Охриѓани се определија за Живот во Охрид за сите, ова значи победа за градоначалник во прв круг и мнозинство во советот, велат од изборниот штаб на СДСМ Охрид.

OhridNews