Охридските ракометари во 12-та рунда од Супер лигата на домашен терен го пречекуваат составот на Зомимак, кој е стопроцентен во досегашниот дел од сезоната.


Поддршката од трибините за „гладијаторите“ е неопходна, па затоа клубот ги повикува навивачите да ги поддржат охридските ракометари во дерби средбата на сезоната во „Билјанини Извори“. 

Мечот со Зомимак е од големо значење за „гладијаторите“ кои бркаат една од првите четири позиции на табелата за пласман во плејофот.

Победа би била премија, а и бод со лидерот на табелата не би бил лош успех за избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски.

Натпреварот со досега  неприкосновениот Зомимак се игра в сабота со почеток во 18:30ч.

Мх.П.