Ракометната федерација на Македонија по две седмици сеуште нема донесено конечна одлука за прекинатиот меч Ринија – Охрид. На официјалната страна од РФМ натпреварот од десеттото коло Ринија – Охрид стои со резултат (0-0) како да не е одигран.


Според најновите информации од охридскиот ракометен клуб, тие имаат добиено известување дека суспендиран е тренерот на охриѓани Горан Андоновски до донесувањето на конечната одлука.

Охридските ракометари на гостувањето во Чаир прво беа вербално нападнати, а потоа со помош на полицијата спасуваа жива глава од салата “7 ноември“.

Мх.П.