Без победник 22-22 (9-10) заврши натпреварот меѓу Охрид и Работнички во „Билјанини Извори“ во рамките од деветтата рунда во Супер лигата.


Охриѓани имаа напад за победа, но последниот удар на Костантин Вешоски успеа да го скроти гостинскиот голман Трајкоски, кој брилираше на голот со 12 интервенци.


Гостинскиот тим иако составен од млади ракометари покажа огромна смиреност во последните мигови што им донесе сосема заслужено реми.


„Гладијаторите“ одиграа далеку под своите можности особено во нападот каде имаа избрзани и непромислени шутеви и технички грешки.


На домашните ракометари не им помогна ниту блескавата престава на чуварот на мрежата Кирил Колев, кој застана на 15 одбрани.

Втор натпревар во серија „сините“ неможат да го освојат целиот плен на домашен терен. Претходно бодовите од Охрид ги однесе скопскиот состав на Тинекс Пролет.

Р.К. Охрид : Пецаков, Колев (15 одбрани), Костески, Анѓелкоски, Вешоски 8, Андоновски 2, Б. Белевски, Николиќ 3, Трифуноски, Тасески, Поп-Стефанија, Соколов 1, Трајчески, В. Белевски 5, Печенковски 3.

Р.К. Работнички : Трајкоски (12 одбрани), Георгиевски (1 одбрана), Ѓуровски 3, Петров, Стефаноски 3, Ф. Василевски 3, А. Василевски, Петрушевски 7, Мачевелов 3, Велјаноски, Јанкуловски, Иваноски, Нацев 3, Капиданчев, Долевски, Каланоски.

 

Фото : Емилио

Мх.П.