Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1), со што вкупниот број на заразени во нашиот град се искачи на тројца.
Вкупната бројка, пак, на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, информира министерот за зравство Венко Филипче.
Министерството за здравство информираше дека е регистриран и втор смртен случај во земјата. Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.
Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет.– соопшти Министерството за здравство.
Во Македонија од синоќа на сила е полициски час од 21 до 6 часот, со цел спречување на ширењето на пандемијата предизвикана од коронавирусод Ковид 19.
Г.М.