Екипата на Охрид прокнижи нови два бодови на второлигашката табела победувајќи го Гостивар во дербито на колото со 66-61. Со триумфот „галебите“ го продолжија победничкиот низ на 12 мечеви.
Бранко Јанески (АВ Охрид) – Најпрво сакам да им заблагодарам на охридската публика за поддршката која ни пружија во тешките моменти. Водството се менуваше, а тоа најдобро говори за текот на натпреварот. Во последниот период го покажавме нашето вистинско лице и сосема заслужено ги освоивме бодoвите.
Петар Чочороски (АВ Охрид) – Тежок противник, а исто така и многу тежок натпревар. Сите кои дојдоа во спортската арена Билјанини Извори не зажалија бидејќи имаа можност да гледаат борба за секоја топка на теренот. После оваа победа можам слободно да кажам дека 90 проценти ние ја завршивме својата работа, а остануваат уште оние најтешките 10 проценти за првата позиција на табелата. Најмногу фокус ставивме на одбраната, а не напападо. И токму одбраната во последната четвртина ни овозможи простор за лесни поени.
Охриѓани со пресврт до триуфм во супер дербито
OhridNews