Ракометарите на Металург ја освоија охридската тврдина победувајќи го домаќинот со (30-22) во заостанатиот натпревар од третата рунда во Супер лигата.


Охриѓани го претрпеа вториот пораз во петтиот натпревар, а „металурзите“ се прва екипа која освојува бодови во „Билјанини Извори“.

Иван Тасески (РК Охрид) : – Играта и желбата од овој натпревар треба да ни биде патоказ за сите понатамошните мечеви во Супер лигата. Пруживме солиден отпор до 40-та минута потоа паднавме кондициски, а се осети и неиграњето на нашиот најдобар ракометар Мите Караиванов. Сакам да им се заблагодарам на „Рибарите“ кои несебично не бодрат и ни даваат максимална поддршка и секако на останата публика.


Лино Червар (РК Металург) : – Задоволен сум од победата извојувана на жешкиот терен во Охрид. Од една страна морам да кажам дека ние сме многу уморни, а од друга сакам да ги пофалам домаќините кои дополнително ни ја отежнија победата. Многу ми е мило кога во Македонија гледам полна сала и екипа која се бори до самиот крај. Публиката се надевам дека задоволна си отиде дома и не зажали што одвои време со доаѓањето на овој натпревар. Само со полни сали и вакви натпревари може да го реклариме ракометот од и во Македонија.


Горан Андоновски (РК Охрид) : – Додека имавме сила коректно му париравме на Металург. До 42-минута се држевме, а тогаш не успеавме да реализираме два три напади кои ни ја срушија самодовербата. Со играта и желбата покажавме дека имаме квалитетна екипа за големи цели во Супер лигата.

Фото : Емилио

Мх.П.