Со нејасни и недоречени соопштенија непоткрепени со факти , ВМРО- НП, како мал политички субјект настојува да опстане на политичката сцена  критикувајќи го секој добар проект на  актуелната Локална власт предводена од градоначалникот Никола Бакрачески , вклучувајќи ги и бројните проекти од областа на спортот  кои  се поздравени   од  охриѓани, спортистите и спортските работници, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа по дописот од ВМРО- НП.

– Сите финансиски показатели покажуваат дека  во времето кога ВМРО-НП партиципираше на Локална власт , за никој и ништо не било субвенционирано. Обележје на времето од   ВМРО-НП  беше,  не спроведување на  ниту една  процедура за субвенционирање на спортски екипи или клубови а карактеристични беа само     огромните  долгови кои  тие ги оставија и кои  сегашното Локално  раководство  заедно со охриѓани  ќе мора да ги враќа во годините кои што престојат, стои во реакцијата.

Од локалната самоуправа потенцираат дека на задоволство на спортистите и спортските работници како никогаш досега општина Охрид  макотрпно работи  и го  стимулира развојот на спортот, масовниот и училишен.

– Се остварија ветувањата , Охрид  доби супер лигаш во ракомет , а  фудбалерите  веќе тренираат на    најмодерниот стадион на вештачка трева во Македонија лоциран во рамки на СРЦ “Билјанини извори“. Во изминатиот период, општината ги санира  наследените штети во  повеќе спортски клубови. На спортските екипи им обезбеди  превоз и бесплатни тренинзи во спортската сала а  им помогна и  на олимпијката Нина Балабан и светскиот вице  -шампион Гоце Мојсоски. Општина Охрид  организира  и големи спортски настани како  финалето на Купот во кошарка на Македонија и  финалето на Купот во ракомет на кои  учествуваа нашите и европски ракометни гордости, екипите на „Вардар“ и „ Металург“. Охрид беше домаќин  на “Гимназијадата“ на која  учествуваа околу 500 ученици. Охрид веќе има  18 спортски игралишта  а  се работи на изградба на останатите од вкупно   30  игралишта за маалски баскет. Ново игралиште се изгради во населба “Лескајца“  а во тек е реконструкцијата  и изградбата  на фудбалско игралиште во Лескоец.   И во иднина општина Охрид ќе гради и ќе создава подобри услови за спортување . Општината битно допринесе во успешната организација на големиот пливачки маратон, велат од локалната самоуправа.

Оттаму потенцираат дека се особено горди што сите обврски, меѓу кои и субвенционирањето на спортските клубови  во износ  од 2.675.400 денари, градоначалникот Бакрачески ги плаќа со реални средства кон ЈП “Билјанини извори“ согласно  законските процедури.

Во врска со дописот и изнесените обвинувања од општинската ВМРО- НП, реакција и од ЈП Билјанини извори.

– Дали во ВМРО НП паметат како без никаква одлука на совет ги  изнајмија паркинзите  Ривиера, Мартина ,Горна порта и АСНОМ  во времето кога тие го водеа ЈП Билјанини извори и дали знаат колкава сума пари влезе , поточно никогаш не влезе во касата на претпријатието ?Дали во ВМРО НП може да се прашаат денес колкава загуба претрпе јавното претпријатие од тоа што тогаш тие паркинзи  диркеторот од нивните редови практично бесплатно го изнајми на фирма блиска до нив., за што имаше полициска истрага.Дали ако не се дадеа тие паркинзи под најнеповолни и најштетни услови  кои се за во книгата на Гинис на фантомско претпријатие  ,можеби ЈП Билјанини извори  ќе должеше неколку милион денари помалку за неплатена електрична енергија ?Дали тие од ВМРО НП знаат колку милиони денари долгови оставија нивните кадри како наследство од долгови кои сега друг ги враќа, а тие кои ги создадоа праќаат соопштенија и ликуваат и критикуваат ?, прашуваат од ЈП Билјанини извори.

OhridNews