Бројот на жртви во пожарот кој зафати една висококатница во западен Лондон се зголеми на 12, соопшти полицијата, додавајќи дека тој може да се зголеми. Пожарникарите се уште се борат со пожарот кој започнал во раните утрински часови.

Од Брзата помош во Лондон претходно соопшти дека повеќе од 50 луѓе се примени во болниците. Пожарникарите велат дека спасиле многу луѓе, а градоначалникот на Лондон, Садик Кан, рече дека многу од жителите се уште се водат за исчезнати.

Очевидци сведочат за потресни сцени. Една мајка го фрлила своето бебе од висококатницата за д а го спаси. Тоа било фатено од спасувачите но нема информации  за неговата состојба. Друг жител на зградата се обидел пак да се спаси скокајќи со импровизиран падобран кој го направил од покуќнината.

Причината за пожарот се уште не е позната.

OhridNews