Според последните информации најмалку десет лица ги загубија животите во силниот земјотрес, со јачина од околу шест степени по Рихтер, што утрово ја погоди северната област во Италија. Се стравува дека бројот на жртвите може да биде и поголем.

Американскиот  Геолошки институт соопшти дека земјотресот се почуствувал во североисточните области од Парма и бил со  идентична јачина со земјотресот, кој пред седум дена ги погоди североисточните делови на Италија, Регионот Болоња, Модена и Ферара, кога загинаа седум лица.

Италјанскиот РАИ јавува дека во местото Мирандола четворица работници останале затрупани под урнатините и спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до нив.

Спасувачите добиваат бројни повици и дојави за затрупани луѓе во местата Мирандола, Финале Емилиа и Сан Феличе сул Панаро. Кон погоденото подрачје упатени се десетина амбулантни возила, а телефонските линии во противпожарните служби и полицијата на тоа подрачје се блокирани заради многубројните повици.

Земјотресот се почуствувал и во Словенија и Хрватска.

Претходниот разорен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер беше забележан во Италија во март 2009 година во градот Аквила, кога загинаа 308 луѓе.

OhridNews