На седницата која се одржа во просториите на Општината Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески и бизнис заедницата од градот одлучија да го подржат ракометниот клуб Охрид 2011 за учество во Супер лигата.
Општината и градоначалникот Бакрачески одлуката за поддршка на ракометниот клуб Охрид 2011 ја донеле претходно, а на седницата со бизнис заедницата биле дефинирани средствата со кои клубот ќе биде помогнат во учеството во ракометниот крем информираат од Р.К. „Охрид 2011“.
Од формирањето на охридскиот клуб поминаа две години, во тие станаа заштитен знак на охриѓани и миленици на охридската публика. Натпреварите на домашен терен будеа голем интерес кај охриѓани кои ги проследуваа во голема бројка и бодреа до последен здив.
Мх.П.