Во попладневните часови вчера во болница како последица на коронавирусот починало возрасно лице од Охрид родено 1932 година. Резултатот кој бил направен покажал дека сега починатиот бил позитивен на Ковид 19. Првиот смртен случај од почетокот на епидемијата во Охрид е евидентиран во неделниот билтен на Центарот за јазвно здравје Охрид, а во официјалната статистика што ја објавува Министерството за здравство ќе биде внесен денеска, заедно со уште 4 нови позитивни случаи во Охрид кои биле потврдени вчера попладне. Во денешниот билтен на Министерството за здравство ќе бидат опфатени и тестирањата од приватните болници, кои не се дел од евиденцијата на Центарот за јавно здравје.
Како што информира Центарот за јавно здравје Охрид, во периодот од 06 до 12 јуни здемени се материјали за проверка на Ковид 19 од 175 лица, во општина Охрид и Дебрца тестирани се 101 лице, во општина Струга и Вевчани 59 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа од 15 лицa.
Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај 34 лица, од општина Струга кај 26 лица, а од општина Дебар кај 3 лица. Во Охрид има 25 пациент на домашно лекување и 9 хоспитализирани, а во Струга 22 пациенти се на домашно лекување и 4 хоспитализирани. Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 46, а во Дебар 5. – информира Центарот за јавно здравје Охрид.
Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 158 лица, во Струга се 103 лица. Во наведениот период регистриран е еден оздравен пациент од Струга, каде има и три смртни случаи.
Од почетокот на епидемијата до 12 јуни лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 232 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 59 лица во општина Охрид и Дебрца, 117 лице во општина Струга и Вевчани и 56 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 17, од Струга се 53, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти Во општина Охрид има 1 починат пациент, во општина Струга се починати 23, а во Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица. – соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.
Епидемијата од коронавирусот се уште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање. – апелира Центарот за јавно здравје Охрид.