Регистриран е прв смртен случај од коронавирус во земјата, објави пред малку на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Се работи за 57 годишна жена од Куманово, кај која посмртно е утврден вирусот. Навремено биле направени 2 теста кај неа, двата биле негативни, но и покрај тоа и поради нетипичноста на болеста била третирана во изолација во градската болница во Куманово, каде состојбата значително и се влошила и починала. Земен бил трет бриз кој бил позитивен. Заедно со неа во болницата со симпоми на болеста е примен и нејзиниот 33 годишен син, чија состојба од вчера е влошена и е префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје.– информираше  министерот Филипче.

Претходно министерот Филипче извести дека во земјава до 12 часот се регистрирани уште 29 случаи, со што вкупниот број се искачи на 114. Од нив еден нов случај има во Охрид, каде вкупно сега има двајца со позитивна дијагноза од коронарирусот Ковид 19.

Просечната возраст на заболените е 45 години, а хоспитализирани се повозрасни пациенти со посериозна здравстена состојба, а на старосната граница влијаат помладите и децата. – посочи Филипче.