Дербито помеѓу Ракометниот клуб Охрид и Еурофарм Работник во 11-та рунда од Супер лигата во место викендов ќе се одигра во среда на 29 ноември со почеток во 19 и 30 часот.

Датумот на одигрувањето на дербито во „Билјанини Извори“ пролонгиран е поради настапот на гостинските ракометари во Челенџ Купот. „Фармацевтите“ во Литванија против тимот на Гранитас ќе ја бранат предноста (28-24) од првиот меч во Битола.

„Гладијаторите“ имаа два дена слободни после одигурвањето на мечот со Вардар Јуниор во Скопје и од вторникот со полн погон се подготвуваат за дуелот со Еурофарм Работник.

Двојки: Радовиш – Вардар Јуниор, Пролет – Прилеп, Металург 2 – Пелистер, Охрид – Еурофарм Работник

Табела: Пелистер 24, Охрид 19, Пролет 19, Еурофарм Работник 16, Радовиш 11, Прилеп 10, Борец 10, Металург 4,Вардар Јуниор 3.

OhridNews