Во „Луксол“ – Зрењанин е обновено производството на тоалетниот сапун „Маршал“ кој пред повеќе од четири децении по посебен рецепт беше правен за тогашниот претседател на СФРЈ и маршал Јосип Броз Тито. Сапунот бил со бела боја и тежок 180 грама. Бил правен од домашни суровини и природни масла, клетки, багремов мед и други миризливи компоненти.
Шефот на производство во „Луксол“ е најзаслужен за обновувањето на производството на сапунот кој е направен во истиот калап, како некогаш за Тито и неговите соработници, само што пакувањето е посовремено. Минатата седмица се произведени 600 парчиња, кои сега чекаат купувачи од Србија и странство, а побарувачката ќе ја одреди понатамошната судбина на овој сапун.