Дрвена клупа и пластично столпче за обележување на паркинг завршија во водите на Охридското Eзеро. За жaл, ваквите деструктивни појави во Охрид продолжуваат, а сликата во раните утрински часова е разочарувачка

На 23 декември, непознати сторители уништија повеќе контејнери и новопоставени корпи за отпад во центарот на градот, кејот и на улиците „„АСНОМ“, булевар „Туристичка“, „Егејска“, „7-ми Ноември“ и „Македонски Просветители“.

ЈП„Охридски Комуналец“ изминатиов период со неколку акции ги санира направените штети, но на ваквите појави во градот мора да им се стави крај, апелираат од јавното претпријатие.

OhridNews