16:30 Четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од Штип се проиведени денеска во врска со случајот„Јавна соба“, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку објава на својот фејсбук-профил.
Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност, напиша Спасовски
Како што информираа од Министерството, се превземаат мерки и активности и кон други лица во координација со Јавното обвинителство со цел расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите.
OhridNews