Охридските ракометери не успеаја со победа да им го честитаат јубилејниот 25-ти роденден на „Рибарите“ откако претрпеа пораз од Прилеп 23-20 (10-8) во десеттата рунда од Супер лигата.
Охриѓани добро го започнаа мечот и се до десеттата минута имаа водство. Откако се консолидираа гостите со серија 3-0, го презедоа водството и со +2 (10-8) заминаа на одмор.
Носени од „Рибарите“ ракометарите на Охрид во вториот дел резултатски се вратија во игра и во два напади имаа егал на семафорот и напад, но не ги претворија во голови.
Гостите со два погодоци во низа ги казнија промашувањата, се одлепија, а подоцна и ги зграпчија бодовите во Охрид.
Поразот од Прилеп е втор во „Билјанини Извори“ за „гладијаторите“ кои веќе три меча во серија незнаат за победа пред своите гледачи.
Р.К. Охрид : Пецаков (3 одбрани), Колев (11 одбрани), Костески, Анѓелкоски, Вешоски 1, Андоновски 2, Б. Белевски, Николиќ 2, Трифуноски, Тасески 1, Поп-Стефанија 1, Соколов 8, Трајчески, В. Белевски 4, Печенковски 1.
Р.К. Прилеп : Михајлоски, Божиновски (11 одбрани), Тодоровски, Митрески 1, Ѓоргиески, Петкоски 5, Цветкоски 1, Мојсоски 5, Спасески, Трајкоски, Бозароски 8, Велески, Стефаноски, Ангеловски, Талевски 3, Јанески.
Фото : Емилио
Мх.П.