Општинското партиско раководство на СДСМ во Охрид вчера остварило средба со претставници од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Делегацијата од ОБСЕ ја предводел Давид Луф, мониторинг офицер во Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата, гостите од ОБСЕ биле запознаени со тековните активности и проекти на ОО на СДСМ Охрид и со плановите за идното партиско делување. Станало збор за актуелните случувања и состојби од сферата на политичкиот и општествениот живот во Охрид, а биле разменети мислења и ставови за актуелните политички случувања во земјата.

Претставници на ОБСЕ деновиве остварија средда со претставници на Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија. На средбата било разговарано за актуелните случувања во градот, активностите на партијата и состојбата на Општина Охрид.

-Исто така, претставниците на ОБСЕ беа запознаени за се поголемиот притисок врз членовите на ВМРО – Народна партија во Охрид и дејствијата кои локалната власт ги прави врз нив. Сметаме дека меѓународните организации треба да бидат запознаени за демократските капацитети на власта и како таа се однесува кон опозиционерите и кон сите оние кои имаат различно мислење од неа, соопшти ВМРО НП.

OhridNews