Натпреварот меѓу Албанија и Македонија кој беше прекинат во 76-та минута поради временски неприлики на стадионот ќе се доигра денеска во 14 часот, а не точно на пладне како што беше првично објавено.

Нашата селекција има добра можност со позитивен резултат од стадинот „Лоро Боричи“ да се врати во Скопје, откако при прекинат бројките на семафорот беа изедначени 1-1.

Натпреварот меѓу Албанија и Македонија е прв за двете селекции во квалификациите за Светското првенство во Русија.

Временски неприлики го прекинаа мечот во Скадар

Фото: Екипа.мк
OhridNews