Охридските ракометари имаат повеќе од поволен распоред во второто учествуво во натпреварите од плејофот во Супер лигата. Охриѓани имаат големи шанси да го подобрат пласманот од минатата сезона кога завршија на петтата позиција.


Првите два мечеви „гладијаторите“ ги играат на домашен терен против Еурофарм Работник односно Борец, потоа следуваат дуелите со Металург во Скопје и со Вардар во „Билјанини Извори“, а во петтата рунда го пречекуваат Пелистер во Охрид.

Почеток на втората фаза од Супер лигата ќе означи ракометното „Ел Класико“ во Македонија меѓу Металург и Вардар.

Распоредот:

1. коло (1/2 април) 

Охрид – Еурофарм Работник

Борец – Пелистер

Металург – Вардар

2. коло (5/6 април)

Еурофарм Работник – Вардар

Пелистер – Металург

Охрид – Борец

3. коло (8/9 април)

Борец – Еурофарм Работник

Металург – Охрид

Вардар – Пелистер

4.коло (15/16 април)

Еурофарм Работник – Пелистер

Охрид – Вардар

Борец – Металург

5.коло (26/27 април)

Металург – Еурофарм Работник

Вардар – Борец

Пелистер Охрид

„Гладијаторите“ на домашен терен стартуваат со мечевите во плејофот !

OhridNews