Фудбалерите на Охрид минимално се поразени на домашен терен во дерби натпреварот од Втората лига Запад.

Попладнево на СРЦ „Билјанизи извори“, Силекс од Кратово славеше минимално 0:1, со голот на Ѓорѓи Танушев во 74 минута.

Во тврд и изедначен натпревар во кој одлучуваа нијанси и искуство, среќата превагна на гостинската страна, за втор пораз во низа на охридските бели.

Вториот охридски второлигаш Воска Спорт, го забележа првиот пораз во првенството. Во дерби пресметката Вардар на домашен терен ја совлада Воска Спорт со 2:0. Стрелци за Црвено-црните беа Никола Наумоски и Кристијан Костовски.

Во следното коло, кое на програмата е на 15 септември, Охрид на домашен терен го пречекува Тетекс, а Воска му гостува на Силекс во Кратово.

Г.М.