Охридските боксери Сашо Лескароски, Бојан Ристески и Илчо Јоноски претрпеа порази во финалните борби на 44-то издание на Златниот гонг.
На поени 2-1 од албанскиот боксер Алби Сора загуби Сашо Лескароски, а исто на поени претрпе пораз Бојан Ристески од англичанецот, Екоу Есуман во изедначена борба.
Албанскиот боксер Кристијан Демаил во категоријата до 91 килограм со технички нокаут во втората рунда го совлада Илчо Јоноски.
Единствен македонски боксер кој успеа да освои златен медал е Aхмет Еминовиќ во категоријата до 60 килограми.
Мх.П.