12:55 Претпладнево, во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“ започна и експресно заврши реализацијата на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“, акција која општина Охрид традиционално ја организира секоја година по повод Светскиот ден на животната средина, 5 Јуни.
Оваа година беа поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите од улиците: „Момчило Јорданоски“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, „Вангел Николоски“, „Дебарца“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „1-ви Мај“, Населба Рача, Населба Горно и Долно Коњско и с. Пештани.
Поради огромниот интерес акцијата „Цветни балкони-Цветен Охрид“ заврши во еден ден, а беше предвидено да трае два дена.
OhridNews