Вечерва со почеток во 21 и 22 часот на 12-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2016“ на програмата се натпреварите од полуфиналето.


Полуфиналните возбудувања ќе ги отворат екипите на Мешеишта и минатогодишниот финалист Кадмо додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат финалистите од 2014 година, АСП Пак и Мистер И.

Победниците од полуфиналните мечеви в недела ќе ги одмерат силите во големото финале.

Наградниот фонд на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2016“ вкупно изнесува 140.000ден.

Прво место носи 80.000 денари, второто место 40.000, трето место 15.000, а четврто место 5.000. Посебни признанија односно награди има за најдобриот играч и најдобриот голман на турнирот. 

Двојки:

21:00ч Мешеишта – Кадмо

22:00ч Мистер И – Асп Пак

OhridNews