Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин Богородица има задржување од 30 минути, а на граничниот премин Дојран има задржување од 15 минути за излез од државата. Подолги задржувања има на грчкиот дел, при влез во Грција. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews