Метеорските дождови се најспектакуларни во август. Врвот тие ќе го доживеат на 11 и 12 август, кога на небото ќе може да се видат „ѕведзи“ што паѓаат, таканаречени Персеиди.
Најдобро е појавата да се набљудува на места надвор од градовите каде е потемно. Треба да се гледа на североисток кон соѕвездието Персеј, советуваат астрономите.
Тие посочуваат дека овој метеорски дожд нема да биде перфектен како претходните кога можеа да се забележат и над 100 метеори на час, бидејќи месечината ќе изгрее и светлината ќе спречи да се видат повеќе метеори. Затоа најдобро е да се излезе на отворено пред да изгрее месечината кога ќе може да се видат и повеќе метеори. Потоа ќе може да се забележат само поголемите.
OhridNews