Почина докторот кој беше застрелан во оружениот напад што го извршил пациент во болница во Берлин кој се самоубил, јавуваат светските агенции.

Германската полиција објави дека инцидентот се случил во клиниката „Бенџамин Франклин“ во Берлин.

На терен веднаш излегле антитерористичките единици на германската полиција, а главната зграда на болницата била евакуирана.

Засега нема официјални информации за мотивите и позадината на оружениот напад, како и за идентитетот на напаѓачот.

OhridNews