Охридскиот ракометен состав забележа нова победа во подготвителниот период совладувајќи го тимот на Филипос од грчкиот град Верија со 30-25.
За избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски ова е петта победа во контролните средби пред почетокот на ракометната Супер лига.
Повратникот во екипата Мите Караиванов и десното крило Малик Хогас беа најефикасни со по осум погодоци, пет реализираше десниот бек Дарко Павловиќ додека Крсте Андоновски и Елдин Вражалица броеаја до четири. Голманот Кирил Колев имаше свој ден запишувајќи 15 успешни интервенции.
Во првата рунда охриѓани гостуваат во Скопје кај видно изменетиот состав на Работнички.
Мх.П.