Пет минутен блесок во вториот дел беше доволен за победа на охридските ракометари над Текстилец 25-22 (12-11) во четвртата рунда од плејаутот во Супер лигата.

Охриѓани лежерно го започнаа мечот што резултираше со многу осцилации во играта во двата правци. Гостите од Штип го користеа тоа и добро им парираа на домаќините.

Во вториот дел со 3-0 серија (12-14) ракометарите на Текстилец го презедоа водството на натпреварот и тргнаа по трите бодови.

Првото водство од два погодоци на гостите ги разбуди охриѓани. Тогаш охридскиот состав ги одигра најдобрите пет минути сезонава кога со серија 7-1 (19-15) целосно го сврте резултатот.

Таа предност до крајот на мечот беше сосема доволна за избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски да ја прослават втората победа во плејаут лигата.


РК Охрид : Пецаков (2 одбрани), Костески (12 одбрани), Китевски, Анѓелкоски, Наумоски, Андоновски, Б. Белевски 4, Мирков 3, Трифуноски 2, Тасески , Поп-Стефанија 4, Соколов 10, Димески, В. Белевски 1, Стевоски.

РК Текстилец : Атанасов (10 одбрани), Петров, Милески, Пенев, Савев 3, Пешевски 7, Јованоски 3, Ангелов 3, Попов 4, Арсов, Мирчевски, Кипријаноски Паневски 2.

 

Фото : Емилио
Мх.П.