12.45 Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во обраќањето до јавноста, денеска, изјави дека нема намера да прогласува нова вонредна состојба. Актуелната истекува викендот.
Тој истакна дека причините поради кои прогласувал вонредна состојба, а тоа се да и овозможи на Техничката влада носење мерки за менаџирање со здравствената криза и пакет социо-економски мерки, се исполнети.
Во врска со изборите, претседателот рече дека на земјата и е потребен инклузивен изборен процес, но и стабилни институции. Во спротивно поделеноста во општеството може да предизвика уште поголема политичка криза, дури и безбедносна дестабилизација на земјата која може да ги загрози евроинтегративните процеси, предупреди тој. Апелираше до политичарите да ги тргнат на страна личните и партиските интереси и да изнајдат заедничко решение за изборите. Во тој контекст тој ги повика лидерите на релевантните политички партии на средба кај него уште денеска.
?ВО ЖИВО | Обраќање до јавноста
Geplaatst door Stevo Pendarovski op Vrijdag 12 juni 2020
OhridNews