Париското обвинителство ги потврди убиствата на најмалку 120 луѓе во низата терористички напади во француската престолнина, вклучително и масакрот во концертната сала „Batalcan“ и самоубиствените експлозии кај стадионот „Stade de France“, додека француските медиуми повикувајќи се на различни извори јавуваат за 140 до 153 загинати, во најкрвавиот напад во историјата на Франција.

Парискиот државен обвинител Франсоа Моленс изјави денеска дека во нападите се убиени најмалку 120 луѓе, што е првата бројка којашто ја изнесе некои официјален извор. Според него, во текот на ноќта биле неутрализирани пет напаѓачи, од кои тројца во концертната сала кои од автомати стрелале и фрлале гранати врз повеќе од сто заложници. Агенцијата АФП, пак, повикувајќи се на извори од истрагата подоцна објави дека во нападите во Париз учествувале и биле ликвидирани осум терористи. Четворица од нив биле убиени во концертната сала, тројца кај стадионот и еден на булеварот Волтер. Шестмина од нив се кренале во воздух со ткн „самоубиствени појаси“.

Според телевизијата CNN, која се повикува на извор во француското министерство за внатрешни работи, само во концертната сала биле убиени 112 луѓе. Околу 1.500 луѓе биле присутни во салата „Bataclan“ на концертот на американската метал група Eagles of Death Metal (EODM), сала која е во близина на редакцијата на сатиричниот весник Charlie Hebdo кој во јануари годинава беше цел на терористички напад во кој беа убиени 12 луѓе.

„Двајца или тројца вооружени со ‘калашникови’ упаднаа во салата и почна на слепо да пукаат врз луѓето. Тоа таеше десет петнаесет минути. Беше многу крваво Почна паника, сите трчаа, се сопнуваа“, изјави за радиото Europe 1, Жулиен Парс, кој бил во салата. Неколку други очевидци изјавија дека напаѓачите извикувале „Алаху Акбар“ (Господ е голем) и оти нападот е одмазда за францускиот претседател Франсоа Оланд поради учеството во нападите врз џихадистите во Сирија.

„Пукаа директно во масата. Крв имаше насекаде, мртви насекаде“, изјави очевидецот Пјер Жансак за бројните телевизиски екипи.

Полициски извори потврдија дека сите напаѓачи биле убиени во полициската акција откако било сфатено дека не станува збор за заложничка криза, како што во прв момент се мислеше. Напаѓачите не биле маскирани и носеле експлозивни појаси.

Вкупно имало шест или седум симултани напади во неколку делови од градот. Полициските извори за телевизијата BFV TV информирале дека нападите биле Речиси сите места на нападите се наоѓаат на десниот брег од реката Сена. Засега се познати терористичките чинови во концертната сала „Bataklan“, камбоџанскиот ресторан „Petit Cambodge“ во близина на Плоштадот на Републиката, и во неколку улици од овој плоштад кон Плоштадот Бастилја. Една од двете или трите експлозии во близина на „Stade de France“ во предградието Сен Дени, според агенцијата AFP, го извршил бомбаш самоубиец.

Станува збор за најголемиот самоубиствен бомбашки напад во Франција во модерната историја. На натпреварот имало околу 80.000 гледачи, меѓу кои и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој во времето на нападите го следел пријателскиот фудбалски меч меѓу Франција и Германија на стадионот во придружба на шефовите на дипломатиите на двете земји, Лоран Фабиус и Франк-Валтер Штајнамер. Францускиот претседател во обраќањето на нацијата прогласи вонредна состојба и затворање на границите. Мобилизирани се сите служби за вонредни состојби на полицајците им е суспендиран годишниот одмор, а болниците ги повикаа своите персонали да се јават за да се справата со приливот жртви и да бидат подготвени. Оланд подоцна го посети полицискиот команден центар во близина на салата „Bataclan“ каде што дека Франција ќе биде немилосрдна кон оние кои го извеле нападот. „Сакав да дојдам меѓу луѓето кои беа сведоци на овие грозни сцени, да им кажам дека ќе поведеме битка и ќе бидеме немилосрдни“, рече Оланд пред салата.

Иако не е потврдена автентичноста на пораката, италијанската телевизија Sky Tg24 цитираше наводна објава на Исламската држава со која ја презема одговорноста за нападот. „Ова е одмазда за Сирија. Ова е 11-ти септември на Франција“, се наведува во цитираната порака, во која се алудира на нападите коишто џихадистите на Ал Каеда на 11-ти септември 2001 година ги извршија врз САД, кога беа убиени повеќе од три илјади луѓе.

Иако сé уште не е официјално потврдено, медиумите наведуваат дека е очигледно дека станува збор за синхронизирани напади врз Франција, која е соочновач на коалицијата за борбата против тероризмот, која предводена од САД вршат воздушни напади врз Исламската држава во Сирија и Ирак. Се истакнува дека нападите се случија иако во земјата и особено во Париз последните денови е подигната подготвеноста на безбедносните служби и сили поради глобалниот самит за климата кој ќе се одржи во францускиот главен град кон крајот на месецов. Меѓународните аеродроми во Париз и Франција работата во вообичаениот режим, иако неколку американски воздухопловни компании привремено ги суспендираа летовите кон оваа земја.

OhridNews

Извор:„Макфакс“