Концертот на познатиот естраден уметник од Србија и миленик на публиката ширум регионот, Саша Ковачевиќ, закажан за вечерва, 5 август, на Античкиот театар во Охрид, е откажан.
Концертот на Саша Ковачевиќ под отворено небо во уникатниот амбиент на стариот град, е откажан соопшти организаторот.
Саша Ковачевиќ се огласи на неговиот официјален профил на социјалните мрежи посочувајќи дека неговиот настап е откажан од организациски причини, изразувајќи надеж на скорешна средба со македонската публика.
OhridNews